Мицкоски пак за дијарејата во судството
Премиерот Христијан Мицкоски на новинарско прашање поврзано со оставката на претседателката на Судскиот совет вели дека оној кој нема да ги исполни очекувањата треба да биде чесен и да замине. Без разлика каква е неговата улога во општеството,
„Ценам дека овој Судски совет и судството и обвинителството заедно со оваа доверба што ја имаат од граѓаните, не успеаја. И ова не треба да биде исклучок, треба да биде правило во иднина. Дека секој што нема да ја оправда довербата кај граѓаните треба да замине“, рече Мицкоски.