Мицкоски оздраве, ќе присуствува на промоцијата на Платформата за следење на проектите од општините финансирани од Владата
Прес службата на Владата извести дека денеска 04.12.2025 година (четврток) со почеток во 11:00 часот во Клубот на пратеници, претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски ќе присуствува на промоцијата на Платформата за следење на проектите од општините финансирани од Владата, што ќе биде нов начин на транспарентен увид и комуникација со граѓаните за трошење на јавните средства.
Премиерот Христијан Мицкоски кој поради здравствени причини го откажа своето учество и обраќање на македонско-српскиот економски форум вчера во Скопје, се враќа на извршување на своите работни задачи.
Вчера владината прес-службане непосреднио пред почетокот на економскиот Форум со српски компании и владини претставници на Белград, соопшти дека настанот ќе се одржи без присуство на премиерот.
Премиерот го откажа своето присуство на денешниот македонско-српски бизнис форум поради кратка здравствена пауза, предизвикана од сезонски фактори, информираа од Владата.
„Поради кратко нарушување на општата кондиција предизвикано од сезонски фактори што повремено се појавуваат овој период, премиерот беше поттикнат да направи кратка здравствена пауза. Не претставува состојба за загриженост, но претпазливиот институционален пристап на здравствените работници наложи одложување на планираниот настан со цел побрзо опоравување“, соопштија од Владата.
Од таму додаваат дека премиерот е во добра општа состојба и наскоро ќе се врати на редовните активности.
Опозициската СДСМ веднаш реагираше со политички прашања и сомнежи. Во партиско соопштение оттаму прашаа „дали поради случувањата во Србија, Мицко или така наречениот ‘Мали Вучко’ бега од своите бизнис партнери“, алудирајќи на актуелните турбуленции во Белград и на блиските политички и бизнис-релации меѓу дел од структурата на власта во Скопје и власта во Србија.