Мицкоски: Не треба да се делиме, туку да се обединуваме
Премиерот Христијан Мицкоски денеска ја коментираше иницијативата на коалицискиот партнер ВЛЕН за формирање на Академија за науките и уметностите на Албанците, како посебна институција.
„Ставот на ВМРО-ДПМНЕ е јасен. Ја имаме МАНУ, во рамките на таа Академија се собрани научниците кои се од различна етничка припадност. Треба да работиме да ја збогатуваме со научници и тоа е иднината. Иднината не е во поделби, туку во обединување. Ценам во оваа насока треба да се реализира ова“, изјави Мицкоски.
Тој кажа дека нема никаков проблем во односите со коалициските партнери.
„Нема никакви проблеми, туку имаме искрена соработка, имаме принципиелна соработка и со ВЛЕН и со политичката партија ЗНАМ“, кажа Мицкоски.