Мицкоски најави три нови странски инвестиции до крајот на годината


Премиерот Христијан Мицкоски денеска најави три странски инвестиции кои очекува да бидат потврдени до крајот на годинава. 

„Очекувам во периодот кој што следи покрај оние четири договорени од почетокот на функционирањето на оваа Влада уште дополнителни три до крајот на годината. Со што драматично ќе се зголеми економската активност и ќе влијаат позитивно на растот на домашниот бруто производ за следната 2025 година, но и за годините коишто следат потоа“, изјави Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање дали ќе има нови странски инвестиции во земјава, пред работниот појадок со членовите на Германско македонската стопанска комора во земјава.

Тој посочи дека носењето на нови странски инвестиции значи и отворање на нови работни места и поквалитетен и подобар животен стандард за граѓаните, и рече ека Владата ќе продолжи да работи и во иднина за силен економски развој на државата.

„Воедно носењето на нови странски инвестиции, значи и отворање на нови работни места, подобар и поквалитетен животен стандард за граѓаните на што Владата и во иднина ќе работи, со цел да се постигне силен економски развој на државата, што впрочем е и еден од најважните приоритети на Владата“, рече Мицкоски.