Мицкоски на средба со „Македонија 2025“: Следува забрзан економски развој и подобрување на животниот стандард на граѓаните

Денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, заедно со потпретседателот Гордана Кочоска Димитриеска, членовите на ИК Сања Божиновска и Трајко Славески, меѓународниот секретар Стефан Андоновски и Зоран Ставрески, оствари средба со раководството на Македонија 2025.
Како што соопштија од ВМРО-ДПМНЕ, на средбата била потенцирана потребата од забрзан економски развој и трансформација на државата, за што претседателот Мицкоски кажал дека е еден од приоритетите на идната влада.
„Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе овозможи регулативна предвидливост за компаниите, поволен и ефикасен даночен систем и даночна администрација, рекол Мицкоски.
Воедно потенцирано е дека владата ќе работи на целосна дигитализација и на институциите и на услугите, како и дека за да се подобри животниот стандард на граѓаните, потребно е да се подобри бизнис климата, што е еден од главните приоритети на ВМРО-ДПМНЕ, се вели во соопштението до медиумите.