Мицкоски на состанок со новиот претседател на Советот на ЕУ


 

Од прес службата на Кошта претходно за медиуми изјавија дека целта на неформалната вечера е претседателот на Европскиот совет да се сретне со лидерите од земјите на Западен Балкан на почетокот на неговиот мандат, затоа што планира „да даде нов замав на односите со регионот“, односно да испрати сигнал дека во својата работа Западен Балкан ќе го смета како еден од приоритетите и сака да има редовни односи со лидерите од регионот.

На вечерата се поканети претседателите на Косово, Србија и Црна Гора – Вјоса Османи, Александар Вучиќ и Јаков Милатовиќ, претседавачката на Претседателството на Босна и Херцеговина, Жељка Цвијановиќ и премиерите на Албанија и на Косово, Еди Рама и Албин Курти.

Пред неформалната вечера, Кошта ќе има билатерални средби со Рама, Мицкоски, Цвијановиќ, Вучиќ и Курти, а утре претпладне ќе се сретне и со Османи и Милатовиќ.

За утре беше најавувана и средба на лидерите на земјите од Западниот Балкан со високи претставници на ЕУ, на која главна тема требаше да биде имплементацијата на Планот на Европската комисија за раст на регионот, но таа е откажана.

Неформалната вчера кај новиот претседател на ЕС, денеска ќе биде можност и за подготвка на самитот ЕУ-Западен Балкан што ќе се одржи на 18-ти декември, но се проценува дека во фокусот ќе бидат и други прашања.  Се очекува Калас и Кос да бидат присутни и на неформалната вечера со лидерите од Западен Балкан.