Мицкоски на Економско социјалниот совет зборувал за правна држава и за празниот буџет
„Нормално тука е дијалогот помеѓу синдикатите и работодавачите во делот на креирање услови за да можеме да функционираме како што треба и мислам дека со оваа денешна конститутивна седница ќе започнеме еден таков процес кој што ќе не води во таа насока да имаме, најпрво одржлива економија, владеење на правото и квалитетен дијалог помеѓу овие три страни, синдикатите, работодавачите и Владата“, рекол Мицкоски.
Тој посочил дека наследил распаднати институции со огромни долгови и тоа само по однос на тековни расходи заклучно до 24 јуни во Буџетот недостасувале 30 милијарди денари.
„Имавме неплатени обврски кон приватниот сектор кој што сѐ уште се ажурираат од близу 200 милиони евра. Сега се и повеќе, како одминува времето така стигаат. Минус од отприлика 150 илјади евра во Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството, надвор од тековните обврски, за пензии за редовна исплата недостасуваат околу 5 милијарди денари. Недостасуваат од прилика 4,2 милијарди денари за редовна исплата на плати, во првичната верзија на Буџетот, дополнителни обврски по основ на јавни претпријатија кон меѓународни финансиски институции од 5,1 милијарда денари. Во Фондот за здравство недостасуваат од прилика 1,7 милијарди денари во првичната верзија на Буџетот, 800 милиони денари загарантиран минимален доход, 437 милиони денари за студентски оброк, 207 милиони денари за стипендии, околу 300 милиони денари за блок дотации, 1 милијарда денари за субвенции кон компаниите кои работат во ТИРЗ, итн. Списокот е долг, се на се заклучно со 24 јуни недостасуваа во буџетот 30 милијарди денари за тековни расходи“, реколл Мицкоски.
Тој исто така заблежал дека жали што Економско социјалниот совет претходно кога се креирал буџетот не бил така активен, како што поединци беа активни овие 100 дена.