Мицкоски ќе присуствува на одбележувањето на 102-годишнината од основањето на Стопанската комора


Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува и ќе се обрати на одбележувањето на 102 години од постоењето на Стопанската комора на Северна Македонија, на кое ќе бидат доделени повеќе награди.

Како што информираат од Стопанска комора, наградите ќе бидат доделени во три категории и тоа награда за долгогодишна коморска активност, награда за воведување напредни технологии, дигитализација и зелена агенда и награда за градење на партнерства, засилување на врската и заеднички дејствувања во градењето на просперитетна македонска економија.

Обраќање на одбележувањето ќе има и претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески, кој исто така ќе ги додели и наградите.