Мицкоски ќе оди во Благоевград за да ги поддржи Македонците во Бугарија

Делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ ќе оди во Благоевград на отворањето на македонскиот клуб за да им даде поддршка на тамошните Македонци. Тоа го изјави претседателот на партијата, Христијан Мицкоски пред денешниот партиски настан во хотелот „Хилтон“ во Скопје. Тој рече: „Ние немаме антибугарско расположение, ние имаме промакедонско расположение. Очекувам тоа да помине во духот на пријателството помеѓу двата народи, македонскиот и бугарскиот“. Заедно со него ќе бидат и пратениците Рашела Мизрахи и Драган Ковачки.
„Одиме таму да ги поддржиме нашите во Бугарија, да дадеме поддршка како ВМРО-ДПМНЕ, да ги охрабриме дека нивната матична држава Македонија стои зад нив и дека ќе ги брани и штити нивните интереси и дека ние како ВМРО-ДПМНЕ немаме намера да се откажеме од нашите браќа од таа страна на границата“, рече Мицкоски.
Според него, премиерот Ковачевски и претседателот Пендаровски со тоа што не одат „одлучиле да служат на туѓи интереси, а не на сопствениот народ“.