Мицкоски ја прогласи Унгарија за стратешки партнер


Разговорите на премиерот Христијан Мицкоски со унгарскиот премиер Виктор Орбан започна во Охрид. Нашиот премиер ги нарече плодни а Унгарија ја прогласи за стратешки партнер на Македонија. посетата е билатерална и нема ништо со претседателствувањето на Орбан со ЕУ. 

„Имав плодна и пријателска средба со унгарскиот колега Виктор Орбан. Историјата сведочи за нашиот заеднички стремеж кон мир, просперитет и соработка. Унгарија во минатото беше еден од првите наши партнери кој ги препозна македонските стремежи за независност и суверенитет.

Со години наназад, политичките и економските врски меѓу нашите држави се продлабочуваат, а денешните средби само го потврдуваат нашето стратешко сојузништво. Унгарија не е само наш партнер во европската сцена, туку и пример за тоа како една држава може успешно да го балансира националниот суверенитет со глобалната интеграција“, напиша Мицкоски на Фејсбук.