Мицкоски ја презема премиерската функција од Џафери, по што ќе го посети Штип


Во Владата на Реепублика Северна Македонија денеска во 10 часот новоизбраниот премиер Христијан Мицкоски ќе ја преземе функцијата од досегашниот технички претседател на Владата, Талат Џафери.

Како што соопшти владината прес-служба, Мицкоски и Џафери ќе имаат кратка средба.

По преземањето на функцијата, Мицкоски ќе замине за Штип каде ќе присуствува на поставување на камен-темелник на нова спортска сала „Џексон”, а потоа ќе направи увид во градењето на новиот булевар „Илинденска“.

На премиерот Мицкоски во Штип подоцна ќе му се придружи и министерот за здравство Арбен Тараври, со кого ќе направат увид во состојбата на штипската Болница.

Денеска, функциите од своите претходници денеска ќе ги преземат и новоизбраниот вицепремиер за добро владеење и транспарентност Арбен Фетаи, министерот за одбрана Владо Мисајловски и министерот за здравство Арбен Таравари.