Се сретнале Мицкоски и Таравари, разговарале за идната влада
Од „Вреди“ велат дека заедничката влада ќе работела на борба против криминалот и корупцијата. Уставните измени не ги споменаа
На два дена пред изборите, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, попладнево се сретнал со лидерот на отцепеното крило на Алијанса на Албанците, Арбен Таравари, кое е дел од изборната коалиција „Вреди“. Се сретнале само тие двајца, на средбата не биле другите членови на коалицијата на албанската опозициска коалиција.
Информацијата прв ја објави ТВ 21, а потоа од ВМРО-ДПМНЕ за МИА ја потврдија средбата. Од партијата навеле дека се разговарало за принципите за можно идно коалицирање и заедничка соработка.
На прашањето од ТВ 21 за што се разговарало на средбата, и зошто не биле присутни другите лидери, од „Вреди“ одговориле:
„Поставена е агенда за совладеење, главно насочена кон борба против криминалот и корупцијата. Сите лидери се во целосна координација за средбата, но имаа активности на терен бидејќи се носители на листи во областите“.