Мицкоски: Глупост е дека ќе се казнат тие што нема да отворат врата на попишувачите
Во “Што не е јасно” на Алфа телевизија вечерва претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски истакна дека здравјето нема цена и затоа ВМРО-ДПМНЕ ќе повика граѓаните да си го заштитат здравјето. Ако граѓаните се чувствуваат небезбедни, да не отвораат врата. Чиста глупост се дека тие што нема да отворат врата ќе добијат кривични пријави, тоа ништо не важи и народот не треба да се плаши, изјави Мицкоски.
-За да дојде некој кај мене дома и јас да му отворам врата за да се попишам, мора тој да биде имунолошки подготвен. Ако пописот почнува на 1-ви април, тогаш тој нема да биде имунолошки подготвен. И јас вратата нема да ја отворам и не само јас, туку и стотици наши граѓани. Тогаш ние нема да добиеме правилни податоци од овој попис. Тогаш зошто трошиме пари. Зошто правиме попис ако податоците што ќе ги добиеме не се податоци кои што нас ни се потребни за да понатаму го планираме развојот на Македонија, посочи Мицкоски.
Луѓето нема да отвораат врата за да се попишуваат. Еве јас ќе бидам тој кој нема да отворам врата, моите родители ќе бидат. Јас, не само влезната врата туку ни вратата од дворот нема да им ја отворам, рече Мицкоски.
-Едноставно не сакаат, покрај мене и моите родители поминаа исто така низ еден тежок период. Ако вие не сте мудар и немате елементарно чувство за здравјето на луѓето и за човечките животи, тогаш вие не залажувате воопшто човек да ви придава значење. Им кажавме ние, но тие не разбираат и во понеделник ќе имаме една тема помалку за разговор. Јас и илјадници, стотици граѓани нема да отвориме врата, а нека си тераат Венко, Заев и директорот на ДЗС Апостол Симовски попис па, ќе видат како ќе заврши тој попис, посочи Мицкоски.
Според него, пописот во дијаспората не е ни за спомнување. Затоа што тоа не е ни попис. Тоа е евидентирање на дијаспората.
-Затоа не мораше вака да го прават со циркус, туку можеше од бројот на издадени државјанства да го одземат бројот на резидентното население. Но, ете решиле да си прават некаков маркетинг. Гледаме таму во една држава – членка на ЕУ како си земале пасоши и си ги внесуваат во компјутер. Тоа е една обична евиденција и ништо повеќе, дециден е Мицкоски.
Тој нагласи дека опозицијата нема да биде конструктивна и дека влегуваме во политичка криза.
-ВМРО-ДПМНЕ нема да ги признае резултатите доколку одлучат насилно да продолжат со процесот, изјави Мицкоски.
Прашан за што ќе разговараат на средбата во понеделник со Заев и дали ќе ја прифати понудата за широка коалиција, Мицкоски, рече дека на средбата оди заради тоа што народот очекува нешто да се направи за нивните проблеми, а не цело време меѓусебно да се напаѓаат.
– Не зборувам за широка коалиција, мојот став е експертска влада што треба да ги организира следните локални избори или влада на национално единство и тоа и е потребно на државата, рече Мицкоски.
За можноста да се разговара за предвремени избори заедно со локалните, Мицкоски рече дека ќе се разговара и дека се можни само локални избори, па од резултатите од тоа се можно три сценарија.
Прашан дали може да побара одложување на пописот на средбата со Зоран Заев во понеделник, Мицкоски рече дека гледајќи ги нивните ставови во јавноста, не се подготвени за разговор и тоа нема да биде тема на средбата.
Нека си тераат попис, порача Мицкоски, па ќе видиме како ќе заврши тоа.