Мицкоски: ДУИ есенва подготвува дестабилизација на државата
„Имаме информации со кои што располагаме и кои што се добиени по повеќе канали дека раководството на ДУИ во обид да го заштити капиталот, ќе преземе чекори во насока на дестабилизирање на државата. Како Влада имаме целосно право да го заштитиме територијалниот интегритет и суверенитет и мирот на граѓаните, што е цел на една држава. Според информациите, очекуваме ова да се случи есенва, врз основа на добиените информации. Да почекаме времето да покаже дали информации ќе се потврдат или не“, рече Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања.
Прашан што се смени во ставот на владејачката ВМРО-ДПМНЕ за конструктивноста на ДУИ, откако ги поддржа измените на Законот за Влада, Мицкоски вели секоја конструктивност во насока на подобрување на условите за живот е добредојдена, без разлика за која политичка партија се работи, но, вели, Владата е должна да ги сподели информациите за „потенцијалното девијантно однесување на групи или политички партии“.