Мицкоски ја нарече интерпелацијата за Гаши „глупав потег“, Филипче ќе ја поддржи

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе застане цврсто зад собранискиот спикер и покрај редицата скандали поврзани со него


Африм Гаши (Фото: Б. Грданоски)

 

На премиерот Христијан Мицкоски не му пречат сите скандали поврзани со собранискиот спикер, Африм Гаши и семета дека барањето на Левица за интерпелација е „глупаво“. Со нивната влада низ Македонија се чувствувала надежта. Тој рече дека СДСМ, ДУИ и Левица биле во коалиција.

Лидерот на опозицијата, Венко Филипче, пак, изјави дека тој лично е СДСМ да ја поддржи интерпелацијата. Пратенечиката група на партијата денеска ќе има координација и на неа ќе се договорат како да постапат.

Нема никаков основ за интерпелација на претседателот на Собранието Африм Гаши, смета премиерот Христијан Мицкоски. Во одговорот на новинарското прашање за утрешната интерпелација на Гаши, Мицкоски е децедиден дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи таква интерпелација.

„Апсолутно, нашиот став е јасен како ВМРО-ДПМНЕ и како пратеничка група на коалицијата ‘Твоја Македонија’ предводена од ВМРО-ДПМНЕ дека ова е незрело, би рекол глупаво однесување на коалицијата СДСМ, ДУИ и Левица и дека апсолутно нема никаков основ за интерпелација на спикерот Гаши. Ние нема да ја поддржиме таквата иницијатива“, изјави Мицкоски.

Премиерот посочи дека имаат голем број аргументи, зошто  не ја поддржуваат интерпелацијата за претседателот на Собранието, Гаши.

„Затоа што разликата на водењето на Македонија меѓу оваа Влада и онаа Влада предводена од СДСМ и ДУИ е огромна, односно тоа веќе и се чувствува и насекаде можете низ Македонија да забележите дека надежта кај граѓаните е дека конечно ќе успееме, дека доста се порази и дека конечно ќе почнеме да победуваме“, изјави Мицкоски, кој присуствуваше на првиот училишен ден во ООУ „Стив Наумов“ во населбата Автокоманда во Општина Гази Баба.

Пратеничката група на СДСМ и коалициските партнери денеска ќе расправа дали да ја поддржи интерпелацијата за собранискиот спикер Африм Гаши поднесена од Левица. Лидерот на партијата, Венко Филипче, вели дека негов личен став е интерпелацијата да се поддржи.

„Мојот личен став е да се поддржи интерпелацијата и тој став ќе го бранам во партијата. Сепак, СДСМ ќе ја донесе одлуката. Премногу престапи се направија во изминатиот период, а токму СДСМ ја запознаваше јавноста со сите тие скандали, но и институциите соопштија дека имаше одредени прекршувања“, рече Филипче.

Тој денеска зборуваше и за досегашното владеење на ВМРО-ДПМНЕ.

„ВМРО-ДПМНЕ дојде на власт на крила на кампањата со ветување дека ќе ја подобрат нашата преговарачка позиција во однос на франуцскиот предлог и на сѐ што треба да се направи пред почетокот на преговорите со ЕУ. Ветуваа мудра политика и дека ќе направат многу повеќе од тоа што сме постгнале ние. Меѓутоа, се што гледаме е влошување на односите со соседите. Не гледаме ниту чекор во насока да се направи обид во контекст на тоа што го ветуваа. И, ако тоа е дел од стратегијата, јас навистина не гледам што е мудро тука. Сметам дека досега оваа влада не покажала апсолутно никаква намера ние да го продолжиме европскиот пат“, рече Филипче.

Во однос на сопартијката и поранешна министерка за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, дали тој ќе побара од неа одговорност, Филипче рече дека е недозволиво партијата на власт да сервира такви информации на партиски прес-конференции.

„Тоа е партиски ПР, што не знам како им користи. Треба сите документи да ги достават до иституциите и ако тие утврдат некаква одговорност тогаш да се преземаат мерки“, рече Филипче, кој денеска заедно со градоначалникот на Центар го посети училиштето „Коле Неделковски“ кое ги прошири своите капацитети и е реновирано. (Н.В.)