Мицкоски: Бугарија нема да го смени ставот без силна и робусна акција од Брисел
Премиерот Христијан Мицкоски вели дека очекува уште меѓународни признанија за конзистентната политика на Владата како што е одлуката на Комитетот за човекови права при ОН, кој утврди дека Бугарија ја прекршила Повелбата за здружување, но нагласува дека не верува оти „може да дојде до промена на ставот на нашиот источен сосед, без силна и робусна акција од Брисел и поголемите членки на Европската Унија“.
Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања на прес-конференција во Владата, нагласи дека политиката на Владата веќе две години е конзистентна и практично ги аргументира своите позиции на меѓународната сцена и „одлука по одлука само се потврдуваат сите оние тези и стравувања, кои што ние како Влада и политичари ги имавме“, и нагласува дека „секој оној што мисли и се уште верува дека ако се измени Преамбулата на Уставот, тука завршуваат нашите предизвици и маки, се лаже или не ја разбира политиката“ или, вели, „свесно претставува меко ткиво на македонскиот идентитет и одработува за туѓите интереси“.
„Но, политиката на оваа Влада веќе две години е конзистентна, практично ги аргументира своите позиции на меѓународната сцена и секој месец или секој квартал, да добиваме по уште едно ново признание за сите оние политики, кои што ги водиме – изјави Мицкоски.
Мицкоски, вели дека во периодот што следи очекува уште вакви одлуки, но дека не верува оти може да дојде до промена на ставот на нашиот источен сосед, без силна и робусна акција од Брисел и поголемите членки на Европската Унија.
-Веурвам дека нашите агрументи се исправни, нашите аргументи од ден на ден се потврдуваат на меѓународната сцена. Впрочем ако го слушавте, едно од оние интервјуа на поранешниот претседател на Бугарија Румен Радев, а сега кандидат за премиер, каде вели дека тој лично два пати ја блокирал Македонија да ги отпочне преговорите, тогаш ни е се јасно. И, секој оној што мисли и се уште верува во прикаските дека ако се измени Преамбулата на Уставот или ако ја додадеме таа измена на Уставот, тука завршуваат нашите предизвици и маки, се лаже – вели Мицкоски.