Мета: Албанците се посветени на стабилноста на Македонија


 
 

Албанскиот претседател Илир Мета порача дека имплементацијата на Охридскиот рамковен договор не приближува до ЕУ.

„На 20-годишнината од потпишувањето на Охридскиот договор, ценејќи го значајниот напредок досега постигнат во неговото почитување, ја охрабрувам неопходноста од целосна имплементација и интегрално заживување, како одлична можност за понатамошна консолидација на мирот и меѓуетничката хармонија, за зајакнување на односите, како и зближување едни со други и Европската унија“, напиша Мета на Фејсбук.

Според него, Албанците во Северна Македонија, во изминатите две децении освен што биле посветени само на стабилноста на земјата, биле и гарант за нејзината евроатлантска интеграција.

„Братски и горди поздрави до нашите сонародници, за нивната активна, конструктивна и незаменлива улога и посветеност кон суверенитетот и евроатлантската интеграција на Северна Македонија“, напиша Мета.