Меркел во мемоарите го споменува само Заев од регионов: „Храбар и решителен“
Мемоарите на поранешната германска канцеларка Ангела Меркел“ се главен политички хит овие денови во светската јавност. Делови од нив претходно објави неделникот „Цајт“, а денеска се објавени во повеќе земји под насловот „Слобода: Мемоари 1954 – 2021“.
Досега во европските медиуми се објавуваа повеќе детали од мемоарите. Најскокотиливи беа нејзините оценки за Доналд Трамп, како и за „Брегзит“. За регионот не се споменуваше ништо, сѐ до денеска кога познатиот новинар на „Франкфуртер алгемајне цајнтунг“ Михаел Мартенс (извонреден познавач на регионов) во неколку објави на неговиот профил на Икс наведува кој е споменат од живите политичари од Западен Балкан. Само Зоран Заев.
Мартенс пишува дека во книгата има посебно поглавје за Западен Балкан.
„Има само еден жив политичар од Западен Балкан кого Меркел експлицитно го споменува во своите мемоари од над 700 страници. Други (не така) почесни признанија од поширокиот регион вклучуваат двајца Романци и еден Србин: Трајан Басеску, Николае Чаушеску и Слободан Милошевиќ.
Едно извонредно во инаку прилично здодевното балканско поглавје лежи во имињата што Меркел НЕ ги спомнува во своите мемоари: таа не го споменува ниту Александар Вучиќ, ниту Еди Рама, Бојко Борисов или Борис Тадиќ. Ниенте.
Ова е извонредно бидејќи таа во многу детали споменува многу политичари од други земји, како што е Полска. Но, начинот на смртна казна на Меркел во нејзините мемоари не е да пишува негативно за политичарите на кои таа не им се допаѓа или не им верува. Таа прилично целосно ги игнорира таквите политичари.
Поранешниот австриски канцелар Себастијан Курц: не се споменува. Поранешниот грчки министер за финансии, Јанис Варуфакис: истот. Во Западен Балкан, единствениот (жив) политичар кој Меркел го споменува во своите мемоари е Зоран Заев, кого таа го нарекува „храбар и решителен“. Тоа е околу тоа“, пишува во четирите свои објави Михаил Мартенс.