Меркел ги гледа балканските држави како идни членки на ЕУ
Германската канцеларка Меркел денеска на виртуелен самит со претставници на државите од Западен Балкан ќе разговара за иднината на регионот и меѓусебната соработка. За ова таа зборува и во својот видео-подкаст
Се радувам што можам да ја продолжам работата со шефовите на држави или влади од шесте западнобалкански земи, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Северна Македонија, Црна Гора и Србија“, вели германската канцеларка Ангела Меркел во својот видео-подкаст, објавен во текот на изминатиот викенд. Таа од она што досега произлезе како резултат од досегашните конференции за Западен Балкан го издвои Младинскиот форум и оцени дека тоа претставува „убав успех“ кој овозможува размена на ученици и млади.
Линк до целиот текст на Дојче Веле тука