Мексико ја забрани продажбата на електронски цигари


Мексико ја забрани продажбата на електронски цигари поради загриженоста за нивните опасни здравствени ефекти, соопшти владата. Претседателот Лопез Обрадор го нарече „лага“ тврдењето дека електронските цигари се безбедна алтернатива на чадот од тутунот.

„ Испарувањата се штетни  по здравјето“, додаде Лопез Обрадор, која потпиша декрет за забрана на Светскиот ден против пушењето.

Тој покажа розова е-цигара за да илустрира како производите се дизајнирани да им се допаднат главно на младите луѓе.

„Погледнете ја бојата, дизајнот“, рече тој.

Во меѓувреме, властите во Мексико Сити објавија дека пушењето ќе биде забрането на главниот плоштад во главниот град, Зокало, и во околните области на раздвижениот стар историски кварт.

Пушењето е забрането во затворени простории, владини канцеларии, продавници, барови и ресторани повеќе од една деценија, со исклучок на некои места за забава.