Меѓународна конференција за туризам – FEEL Skopje
На 12 јуни во Скопје ќе се одржи меѓународна конференција за туризам FEEL SKOPJE во организација на Концепт плус на која ќе говорат 5 интернационални говорници од 5 држави. На конференцијата ќе говорат Јуја Матусо (фотограф) од Јапонија, Мија Дрпуљиќ (туристички блогер) од Хрватска, Жига Цоља (новинар) од Словенија, Сузана Ванек (новинар од областа на туризмот) Швајцарија и Екрем Кофтоглу (претседател на асоцијација на туристички новинари и фотографи) Турција. Меѓународна конференција FEEL SKOPJE е дел од проектот и порталот visitskopje.mk и има за цел да се промовира Скопје како посакувана туристичка дестинација и да се зголеми бројот на странските посетители во Скопје. Основна идеја и цел на конференцијата FEEL SKOPJE е да се добијат препораки како да се подобри промоцијата на Скопје и Македонија во светски рамки, како подобро да се привлечат повеќе посетители и секако да се добие повеќе внимание и простор во странските медиуми. Скопје заслужува да има поголемо внимание на светската туристичката мапа и преку овој конференција ќе се овозможи на странски туристи да дознаат и дојдат и уживаат во магичноста и убавината на градот.
Во рамките на конференцијата ќе се промовира и новиот портал visitmacedonia.eu кој ќе има за цел да ја промовира Македонија како посакувана туристичка дестинација. Порталот ќе биде на англиски јазик и дневно ќе биде ажуриран со вести од областа на културата, културното наследство, музиката, фестивали, спорт и други случувања во Македонија.
Синиша Пекевски – Концепт плус: “Скопје е град на европски шампиони и тој заслужува да биде посакувана туристичка дестинација. Преку конференцијата и говорниците кои се практичари веруваме дека ќе ги добиеме вистинските препораки како Скопје подобро да биде промовирано и претставено кај туристите. Веруваме дека и македонските компании и институции конечно ќе ја видат потребата дека сите активно треба да допринесат за промоција на Скопје и Македонија. Очекуваме во иднина компаниите, институциите, покрај градот Скопје да се вклучат во овој проект и да го поддржат на порталот, но не само вербално.„
Конференцијата е во организација на НВО Концепт плус и мисија на организацијата е креирањето на позитивен идентитет и имиџ на Скопје, грижа за културното наследство и неговото вреднување, поддршка на развојот на културните разноликости, отворањето на институции и други објекти субјекти во областа на културата и промовирање на туризмот во престолнината. Настанот е финансиски поджан од град Скопје и од компаниите Федор, Вори, Виталија, Бонум, Јана вода, Зинес и медиумите Слободен печат, Независен весник, Нова Македонија, Коха и Фокус.
Порталот Visitskopje.mk е основан во 2015 година од страна на здружението за развој на претприемништвото и туризмот Концепт плус. Основна цел на порталот е да го развие туризмот во Скопје и да привлече туристи да го посетат Скопје. Порталот е на англиски јазик и ги опфаќа сите елементи кои им се потребни на посетителите и туристите полесно да се снајдат во Скопје.
#visitskopje
за подетални информации обратете се кај Синиша Пекевски тел. 071/386-091