Меџити: Не поднесувам оставка, Собранието ќе одлучи кој ќе биде министер за здравство


Фото: Б. Грданоски

Министерот за здравство Фатмир Меџити рече дека не планира оставка, а најави и дека по изборите ќе биде министер. 

– Не поднесувам оставка, останувам министер се додека Собранието не одлучи поинаку.  Оставка се поднесува ако не си работел чесно, ако си аморален, јас не планирам оставка – рече Меџити. 

Според него, се покажало дека ДУИ преку Артан Груби решила да оди до крај против граѓаните и здравствените работници.

Тој не знае кој би можел да го наследи на функцијата.

 -Прво да видиме дали ќе бидеме разрешени. Собранието и пратениците ќе одлучат кој ќе биде министер – рече Меџити.