Меџити: Бујар Османи има куќа дивоградба, јас му ја легализирав!


Кандидатот за претседател Бујар Османи својата куќа ја има изграденo на диво, изјави опозиционерот Изет Меџити, во интервју за ТВ21.

– Јас, како градоначалник на Чаир му ја легализирав нему, како и на многу други граѓани. Османи, наместо да плаќа комунални такси по 110 евра за метар квадратен, тој платил 1 евро, што значи самиот тој изградил куќа на диво – изјави Меџити.

Артан Груби и неговите браќа имаат изградено доградба на станови, во Чаир, речиси половина зграда на диво ја изградиле и истите се легализирани, рече Меџити.

За актуeлниот технички премиер Талат Џафери, Меџити вели дека се однесува како млада невеста.

– Техничкиот премиер без никакви ингeренции, Талат Џафери не е премиер, туку повеќе личи на „млада невеста“ која ја носат да ја претстават пред семејството. Пи-ар му прави Груби со разните негови посети во администрацијатa, изигрувајќи инспектор – рече Меџити.

Меџити тврди дека Артан Груби поседува неколку портали, преку кои „тој укажува на јавното обвинителство што да работат, со кои предмети да се занимаваат“.