Медведев прв полуфиналист на УС Опен
Рускиот тенисер Данил Медведев се пласира во полуфиналето на УС Опен. Тој вечерва во четвртфиналето го победи претставникот на Холандија, Ботик ван де Зандсулп, во четири сета.
Мечот траеше 2 часа и 24 минути и заврши со резултат 6:3, 6:0, 4:6 и 7: 5 во корист на Русинот, кој важи з автор носител на турнирот.
Противник на Медведев ќе биде победникот од двојката Феликс Оже-Алјасим (Канада) – Карлос Алкарас Гарфија (Шпанија).
Наградниот фонд на Грен слемот во Њујорк изнесува 57,5 милиони долари.