Mаж од Делчево кој бил пријавен за исчезнат, пронајден мртов


Фото: Б. Грданоски

Во полициската станица Делчево вчера било пријавено дека покрај патот во делчевското село Киселица, бил пронајден починат Ѓ.И. (54) од Делчево, за кој на 8. април неговата сопруга пријавила дека се оддалечил од домот.

Смрт без видливи траги на насилство констатирал лекар од итната медицинска помош, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на семејството.

Увид извршила екипа на ОВР Делчево.