Маричиќ: Очекуваме Пендаровски да победи, граѓаните сакаат претседател со јасни ставови
„На ливчето во вториот круг на претседателските избори има само двајца кандидатаи – на СДСМ, актуелниот претседател Стево Пендаровски и кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Сиљановска-Давкова. Граѓаните имаат едноставен избор“, рече кандидатот за пратеник на СДСМ и Коалицијата за европска иднина, Бојан Маричиќ во емисијата „24 отворено“.
Тој додаде дека СДСМ ги повикува сите граѓани кои сакаат да имаат претседател со јасни ставови, јасна политика и без дамка, кој ќе ја води државата на јасно зацртан европски пат да гласаат за Стево Пендаровски.
„Ние очекуваме поддршка од сите граѓани, се обраќаме до сите граѓани и знаеме дека гласовите се бројат од 0 во вториот круг. Согласно тоа, во директен разгвор со граѓаните и повик до сите партии кои веруваат во таков претседател очекуваме поддршка и очекуваме дека во вториот круг ќе победи Стево Пендаровски“, рече Маричиќ.
„СДСМ постојано има отворен и искрен став, а тоа е дека сме за Македонија во ЕУ до 2030 година и сакаме конкретно да ги завршиме преговорите во наредните четири години. На прашањето кога во ЕУ, нашиот одговор е што побрзо“ рече кандидатот за пратеник на СДСМ и Коалицијата за европска иднина, Бојан Маричиќ во емисијата „24 отворено“.
Тој додаде дека доколку се прашаат ВМРО-ДПМНЕ и Сиљановска-Давкова кога во ЕУ, нивниот одговор е по можност никогаш или што подалеку со одложено дејство.
„Мило ми е што се менуваат тсавовите во ВМРО-ДПМНЕ. Јас присуствував во собраниската сала кога пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ја палеа Преговарачката рамка. Денес слушаме дека Преговарачката рамка била прифатлива од нивната кандидатка“ рече Маричиќ.
Тој додаде дека на овој начин ВМРО-ДПМНЕ води неискрена политика и манипулира со граѓаните.