МАНУ ги заштити Целокупните дела на Блаже Конески кои постојано се мета на хакерски напади


Фото: Б. Грданоски

Македонската академија на науките и уметностите го обнови веб-порталот Дигитални ресурси на македонскиот јазик.

На веб-порталот има дигитални речници на македонскиот јазик, двата зборника за македонскиот јазик од 2020 година (Континуитет на МЈ и Погледи за МЈ), а успешно се поставени и сите стари книги и речници, како и монографии за македонските дијалекти.

Исто така, поставени се и заштитени Целокупните дела на Блаже Конески, кои постојано се мета на хакерски напади. Првите шест тома од целокупните дела на Блаже Конески го опфаќаат неговото книжевно-уметничко и книжевно-научно творештво: Поезија 1, Поезија 2, Препеви, Проза, Есеи и Македонскиот 19 век. Иницијатор и раководител на научно-истражувачкиот проект на МАНУ „Критичко издание на целокупните дела на Блаже Конески“ беше академик Милан Ѓурчинов (1928-2018). Со том 7 започнува лингвистичкиот дел од творештвото на Блаже Конески, а раководител на Проектот и главен уредник/редактор на томовите е академик Катица Ќулавкова.

***

Овде се претставени дигиталните верзии на објавените томови од „Критичко издание на целокупните дела на Блаже Конески“ од страна на МАНУ и тие можат да се користат единствено за научни цели. 

Воедно, Дигиталните ресурси на македонскиот јазик се збогатени и со двата тома на Лингвистички студии за македонскиот јазик од проф. Лилјана Минова-Ѓуркова.

 

Злоупотребата на Конески: Атанас Вангелов – „Молитва“ против „Тешкото“