Малта, Норвешка, Украина и Шпанија ги избраа претставниците за Евросонг (видео)


Четири земји викендов ги избраа нивните претставници на 68. издание на Евросонг што ќе се одржи во мај во Малме, Шведска.

Сара Боничи, „Гејт“, Алиона Алиона и Џери Хејл, како и Небулоса ќе ги претставуваат овие земји на големиот музички натпревар. Нивните песни ги носат насловите „Луп“ (Loop), „Улвехам“ (Ulveham), „Тереза и Марија“ (Teresa & Maria) и „Зора“ (Zorra).

Музичкиот натпревар годинава ќе се одржи во Малме на 7, 9 и 11 мај. 

На Изборот за песна на Евровизија 2024 година во Малме, Шведска нема да учествува македонска делегација, што е втора година без наш претставник на ова музичко натпреварување.

На најголемиот светски музички настан во живо учеството го потврдија јавните радиодифузери од 37 земји.

„Ваквата одлука е во најдобар интерес на граѓаните, имајќи предвид дека Јавниот сервис идната година, со сите свои капацитети ќе се фокусира на одбележување на големиот јубилеј, 80 години Македонско Радио и 60 години Македонска Телевизија. Активностите за одбележување на големиот јубилеј ќе се одвиваат во текот на целата 2024 година, велат од МРТ кој ја поседува лиценцата за овој престижен музички настан.

МРТ на своите сервиси ќе ја пренесува манифестацијата, двете полуфинални вечери и големото финале.

 

Фото: Јутјуб / Принтскрин