Малолетник во автобус на ЈСП си носел пиштол


Во четвртокот, во 19 часот во автбоус на ЈСП на ул.„Цветан Димов“, полициски службеници од СВР Скопје кај малолетник од Скопје пронашле и одзеле гасен пиштол „Blow“ калибар 9 мм.

Лицето било приведено во полициска станица и со него бил извршен службен разговор во присуство на родител.

Против него ќе биде поднесен поднесок по член 80 од Законот за оружје.

Истиот ден,  во 17.40 часот во автобус на ЈСП на крстосница од ул.„Џон Кенеди“ со ул.„Цветан Димов“, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Н.И.(53) од Скопје, затоа што кај него бил пронајден и одземен нож.

Претходно било пријавено дека на бул.„Гоце Делчев“ тој, мавтајќи со ножот, ја загрозувал безбедноста на граѓаните.

Со него бил извршен службен разговор во полициска станица и му бил изготвен поднесок по член 80 од Законот за оружје.