Малолетник со возило излета од пат, повредени се тој и тројца малолетни сопатници


Фото: Б. Грданоски

Малолетник излетал со возило среде ноќ во Скопје. При несреќата повредени се тој и уште тројца сопатници кои исто така биле малолетнини. 

– Денеска во 03.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Лазар Личеноски“ во Скопје, патничко возило „шевролет спарк“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 17-годишен малолетник од Скопје, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле неговите двајца малолетни сопатници, а со телесни повреди се здобиле малолетникот кој го управувал возилото и уште еден сопатник, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, соопштија од полицијата во дневниот билтен. 

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.