Малолетник пукал во близина на училиште во Бутел


Министерството за внатрешни работи информираше дека вчера во 12.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во близина на средно училиште на подрачјето на Бутел, малолетник испукал куршум од огнено оружје.

Од полицијата информираат дека во координација со Јавен обвинител, увид на местото извршила екипа од СВР Скопје и се работи на расчистување на случајот.