Малолетник крадел од аптека и трговски центар во Аеродром


Фото: Независен

Во петокот, во 21 часот пред трговски центар на подрачјето на Аеродром од полициски службеници од Одделението за криминалистички работи Аеродром бил приведен малолетник од Скопје.

Наводно, тој сторил две кривични дела разбојништво. Тој заедно со уште едно лице во аптеки на бул.„Јане Сандански“ и трговски центар на подрачјето на Аеродром со закана со остар предмет од вработените одзел пари.
Кај него биле пронајдени пари и предмети кои потекнуваат од кривичните дела.

По целосното документирање на случајот ќе биде поднесена содветна пријава.