Малолетници тепани во училиштен ходник и на автобуска постојка во Скопје


Илустрација

Малолетници од Скопје повторно физички се пресметувале. До полицијата стигнале две пријави од родители чии деца биле нападнати.  

– На 13.02.2024 во 11.40 во СВР Скопје, М.Г.(42) од Скопје пријавил дека во ходник на основно училиште на подрачјето на Ѓорче Петров во Скопје, неговиот малолетен син бил физички нападнат од друг малолетник. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

– На 13.02.2024 во 15.30 часот во СВР Скопје, Р.Р.(43) од Скопје пријавила дека околу 12.00 часот на автобуска постојка на подрачјето на Чаир во Скопје, нејзината малолетна ќерка била физички нападната од три малолетнички. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.