Малолетнички во Аеродром нападнале 13-годишна познаничка и ѝ зеле пари


Фото: Б. Грданоски

Во СВР Скопје, А.Л.(47) од Скопје пријавил дека на завчера околу 21.30 часот на подрачјето на општина Аеродром, неговата 13-годишна ќерка била физички нападната од четири малолетнички кои ги познавала, кои притоа и одзеле пари и лични работи.

За настанот бил известен јавен обвинител за малолетници. Се преземаат  мерки за расчистување на случајот.