Малолетни деца на битолчанец краделе муниција


Во четвртокот, полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Битола го лишиле од слобода К.Ј.(26) од Битола. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, билe пронајдени и одземени пиштол „зораки“, две рамки за пиштол и 48 куршуми. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Вчера, исто така, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола од слобода го лишиле В.А.(43) од Битола. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени муниција и предмети кои потекнуваат од тешка кражба извршена на 02.06.2023 од страна на неговите малолетни деца. Со нив бил извршен службен разговор во полициска станица, при што го признале делото.

По целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.