Максим Димитриевски собира потписи за независна кандидатура
Актуелниот градоначаланик на Куманово Максим Димитриевски, денеска ќе ја достави својата кандидатура до ДИК и во градоначалничката трка влегува како независен, јавува kumanovonews.mk.
СДСМ засега не објави кој ќе биде фаворитот за градоначалничката функција во Куманово од нивните редови, но по одлуката на Димитриевски сам со поддршка од граѓаните да ја бие својата битка, јасно е дека во изминатите денови не е постигнат договор.
Се очекува да биде објавено дека зад Димитриевки ќе стои и независна листа на советници, чија носителка ќе биде жена.