Максим Димитриевски: Моето исклучување од СДСМ е желба на поединци
-Како може партиското раководство на СДСМ однапред да ги знае одлуките на Централниот комитет, пред да бидат одобрени? Дали се боревме за такви внатрепартиски демократии? Нема да прифатам дека во моето општество имплементацијата на демократијата е само формална, туку да има вистинска демократија. Без разлика како се изјаснуваат партиските органи, јас бев, сум и ќе останам социјалдемократ и докажувам дека моето евентуално заминување од СДСМ е желба на поединци во партијата – порача Димитриевски.
Минатата недела Димитриевски ,без да ја чека одлуката на партијата, соопшти дека по барање на граѓаните, самостојно се кандидира за нов мандат. Расколот во СДСМ во Куманово ескалираше за време на пандемијата, кога Димитриевски изјави дека Владата дејствува како режим во однос на неговото барање за карантин во Куманово поради големиот број граѓани погодени од „Ковид-19“.
Потоа Димитриевски се соочи и со обвинувања од граѓани Албанци за таканаречената „химна за Куманово“ во која не вклучил ниту еден албански елемент.