Макрон зборувал со Путин

Францускиот претседател побарал од Путин да ја прекине офанзивата против Украина додека траат мировните разговори


 

На барање на украинската влада, францускиот претседател Емануел Макрон разговарал со неговиот руски колега Владимир Путин, се вели во соопштението на Елисејската палата:

„Претседателот го повтори барањето на меѓународната заедница [Русија] да ја прекине својата офанзива против Украина и ја потврди неопходноста од итно воспоставување прекин на огнот.

Со разговорите за прекин на огнот меѓу Киев и Москва на границата со Белорусија, Макрон, исто така, побара од Путин да се погрижи за време на преговорите да бидат стопирани сите удари и напади врз цивилите и нивните домови, да се зачува цивилната инфраструктура и сите главни патишта – особено патот јужно од Киев – да остане безбеден за користење.

Путин ‘ја потврди својата подготвеност да се посвети на сите три точки’“, се вели во соопштението на Елисејдкста палата.

Макрон, исто така, го повика Путин да се погрижи да се почитува меѓународното хуманитарно право и да се заштити цивилното население и транспортот на помош, и побара од рускиот претседател „да остане во контакт во текот на следните денови за да се избегне влошување на ситуацијата“.