Макрон го претстави француското лого за претседавaњето со ЕУ во 2022 година

Франција– На специјалната прес конференција на францускиот претседател Емануел Макрон, втора во неговиот мандат, целосно посветена на француското претседавање со Советот на ЕУ, беше претставено логото на претседателството, јави дописникот на МИА.
Државниот секретар за европски прашања Клеман Бон ја имаше честа да го открие логото во боите на Франција и Европа, опкружено со стрела, заедно со мотото: „Релансирање, моќ, членство“.
Емануел Макрон ја претстави потоа првата оска на француското претседателство со ЕУ, суверенитетот на Унијата. Осврнувајќи се на „човечките трагедии на Каналот Ла Манш“ или „хибридните војни на нашите граници“, тој потсети на важноста за Европа да ги контролира своите граници.
Тој зборуваше во оваа прилика за реформа на Шенген, предвидувајќи „политичко управување“ преку „редовни состаноци на министрите одговорни“ за европската зона за слободна трговија. „Кохерентна политика на контрола на нашите надворешни граници е предуслов за слободно движење во Шенген“, додаде тој.
Француското претседавање со Европската унија во првата половина на 2022 година ќе користи корпоративно спонзорство за транспорт на делегации.
-Бараме од француските производители – тоа ќе биде совршено транспарентно – да позајмат или ангажираат француски возила за транспорт на делегациите што ќе ги пречекаме, додаде тој.