Македонските ракометари ќе имаат два контролни натпревара со Јапонија


Македонската ракометна репрезентација ќе има двомеч со Јапонија во рамките на подготовките за Европското првенство 2026.

Јапонците во Скопје ќе дојдат за време на ЕХФ-неделата (27 октомври – 2 ноември) предвидена за тест средби.

Првиот меч ќе се одигра на 30 октомври, додека вториот е закажан на 1 ноември.