Македонскиот џез состав „Сетстат“  со концерт во Софија


Бугарија– Познатиот македонски џез состав „Сетстат“ којшто свири современ џез, вечер ќе одржи концерт на сцената на „Софија лајв клуб“, информира Културно-информативниот центар на Северна Македонија во Бугарија, јави дописникот на МИА од Софија.

Групата, составена од познати музичари, Владан Дробицки – тромбон, Васко Бојаџиски – тенор и алт саксофон, Панче Бујуклиев – клавијатури, Павел Дробицки – бас и Гоце Наумов, со концертот во Софија за првпат ќе промовираат песни од својот единаесетти албум.

Концертот на „Сетстат“ е во рамки на „Аларма Панк-Џез“ фестивалот на Бугарското национално радио (БНР) во партнерство со Културно-инофрмативниот центар на Северна Македонија во Софија.