Македонскиот Црвен крст ќе одбележи 80 години


Илустрација (Фото: Б. Грданоски)

Црвениот крст на Република Северна Македонија денеска ќе одбележи 80 години од основањето, а по повод јубилејот на организацијата ќе се обрати и претседателот на Владата Христијан Мицкоски.

Премиерот ќе има средба со генералниот секретар на Црвениот крст на РСМ, Саит Саити, и со волонтерите, од кои ќе биде запознат со дел од активностите на организацијата.

Во фокусот на разговорот ќе биде улогата на Црвениот крст во унапредувањето на хуманоста и солидарноста, тековните активности на организацијата, а посебен акцент, како што најави Црвен крст на РСМ,  ќе биде ставен на неодамнешниот хуманитарен одговор по пожарот во Кочани. 

-Во знак на благодарност за поддршката и афирмацијата на хуманите вредности, генералниот секретар  Саит Саити ќе му врачи на премиерот Мицкоски признание — Медал на Црвениот крст на Република Северна Македонија, како симбол на благодарност за неговата заложба за поддршка на хуманитарната мисија на организацијата, информира Црвен крст на РСМ.