Македонскиот амбасадор во Албанија, Данчо Марковски,повикан на консултации


Фото: Б. Грданоски

 Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија денеска соопшти дека согласно Законот за надворешни работи македонскиот амбасадор во Албанија, Данчо Марковски е веќе повикан на консултации.

– Поради итноста на материјата очекуваме консултациите да се случат во текот на оваа недела и за сите дополнителни детали јавноста ќе биде навремено информирана, се наведува во соопштението од МНР. 

Од МНР веќе беше најавено  дека амбасадорот ќе биде повикан во земјата откако на пописот во Албанија за првпат се јавија повеќе граѓани со наводно бугарско потекло отколку македонско, а во графата на пописното ливче стоеше терминот „Северномакедонци„ место „Македонци“.