Македонски сликарки на меѓународна изложба во Трст
![](https://nezavisen.mk/wp-content/uploads/2019/10/images-2.jpg)
Четиринаесет сликарки и склупторки од регионот на Централна и Источна Европа, меѓу кои инеколку од Македонија се дел од меѓународната изложба во Трст насловена како „Културните конекции – решение за иднината“.
На изложбата , која се отвора утре а ќе трае до крајот на овој месец, се преставени дела на Жани Гелевска, Симонида Филипова , Јасмина Трајковска и Маргарита Киселичка, покрај други словенечки, италијански, српски, босански и други уметници.
Изложбата е дел од форумот за културна дипломатија што го организира нашата поранешна амбасадорка Марија Ефремова со Меѓународното здружение за соработка и културна дипломатија (AICDC),а кој е фокусиран на промоција на улогата на женаа во културната дипломатија, како начин да се промовира взаемно разбирање.