„Вкусовите на Северна Македонија“ за прв пат во „Лидл“ во Хрватска. Еве што се нуди


За прв пат, „Лидл“ во Хрватска ги претставува вкусовите на Северна Македонија, при што нуди различни македонски деликатеси во своите продавници низ Хрватска, јавија хрватските портали.

Според официјалната интернет страница на „Лидл“ во Хрватска, акцијата почна во четвртокот, на 17 октомври.

Од традиционален ајвар до вино

До недела, 20 октомври, во „Лидл“ можете да најдете различни македонски производи како лутеница, селски пинџур, пастрамилија, разни видови печени пиперки, традиционален ајвар и вино. 

Така на пример, „твинс“ пастрмајлија (пакување од две пастрмајлии – 2 x 230 грама) чини 2,29 евра, охридски ѓеврек (5 x 90 грама или 5 x 100 грама) чини 1,59 евра, кумановскиот кашкавал на „Здравје“ – Радово, од кравјо и овчо млеко, цена по килограм 15,99 евра, а во понудата има и повеќе производи на „Випро“, лутеница пакување од 540 грама чини 3,19  евра, кралски печени пиперки, 490 грама чинат 3,89 евра, „Випро“ традиционален ајвар, благ или лут, 540 грама чини 3,39 евра, додека виното „Темјаника“ на „Тиквеш“ од  0,75 литри чини 8,99 евра.

Целата понуда може да се најде на следниот ЛИНК.