Македонски државјанин уапсен во Драч со 300 килограми кокаин


Илустрација

Околу 300 килограми кокаин се запленети во Драч при контрола на македонскиот камион.

Камионот превезувал железо, соопшти албанската полиција, цитирана од РТС.

Кокаинот бил скриен во шасијата на камионот. Полицијата го уапсила возачот на камионот, македонски државјанин.