Вархеи во Софија на разговори за бугарското вето за Македонија
Еврокомесарот за проширување Оливер Вархејi ќе престојува во посета на Бугарија, објави Европската комисија. Детали за разговорите не се соопштуваат, но упатените велат дека темата ќе биде ветото на Бугарија за почеток на преговорите за членство во ЕУ со Северна Македонија, пренесе БНР.
Предвидени се средби со претседателот Румен Радев и министерот за надворешни работи Светлан Стоев.
Oва е втора посета на еврокомесарот за проширување Оливер Вархеjи на Бугарија, откако на 21 мај заедно со португалскиот министер за надворешни работи Аугусто Сантос Силва одржаа повеќе средби со vисоки бугарски претставници.