Македонија најотпорна на странско влијание во регионот


Евро – Атлантскиот Совет на Македонија беше дел од новото опширно истражување на ГЛОБСЕК поддржано од Стејт Департментот на САД кое ги анализираше точките на ранливост кон странско влијание во осум држави од Централна Европа и Западен Балкан: Северна Македонија, Бугарија, Чешка, Унгарија, Црна Гора, Северна Македонија, Романија, Србија и Словачка. 

Според наодите, Северна Македонија е  најотпорна на странско влијание од сите земји во Западен Балкан. Про-западните сили во а Македонија се најголемите двигатели на позитивни промени и реформи. Македонското општество, сепак, го карактеризира поларизација во антагонистички политички кампови и заради тоа останува ранливо кон странско влијание.

Информативниот простор во државата во голема мера е подложен на странско влијание преку одредени програми и поединци кои ги промовираат интересите на Москва. Медиумскиот пејзаж дополнително страда од недостаток од диверзитет во информирањето и е подложен на дезинформации и манипулација. Од друга страна, политичкиот пејсаж во државата е во голема мера отпорен на странско влијание. И покрај присуството на политички актери кои им служат на интересите на Москва и Пекинг и растечката фрустрација во општеството по бројните неуспеси во процесот на пристапување во ЕУ, политичките елити остануваат посветени на членството во евроатлантските структури.

Генерално, резултатите од индексот на ранливост покажаа дека членството во меѓународните структури (ЕУ и НАТО) придонесува кон поголема отпорност од перспектива на заеднички политички решенија и колективна одбрана, но и дека разликите во квалитетот на јавната администрација, законодавството или заштитата на изборниот интегритет придонесуваат кон ранливостите на опфатените држави.

Антилибералните ставови засилени со интензивни дезинформациски кампањи спроведени од актери кои наводно ги штитат „традиционалните вредности“ значително влијаат врз општествената поларизација, што е клучен извор на ранливост во Унгарија, Црна Гора и Северна Македонија.Ваквите ставови често произлегуваат од широко распространето незадоволство и разочарување од тоа како функционира демократијата во сите анализирани земји. Овие фактори, во комбинација со зголеменото државно влијание врз медиумите во некои земји, ги туркаат луѓето кон дезинформации и им даваат предност на авторитарните системи на управување.

Присуството на дезинформации во онлајн и во офлајн информативниот простор е во директна корелација со присуството и влијанието на про-Кремлинските актери и наративи во медиумите во регионот, според резултатите од ова истражување. За повеќе информации посетете ја страницата www.vulnerabilityindex.org