Македонија и Северна Рајна-Вестфалија потпишаа декларација за намери за соработка
Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, денеска оствари средба со министерот за федерални, европски, меѓународни работи и медиуми на покраината Северна Рајна-Вестфалија, Натанаел Лимински.
„Соговорниците изразија задоволство од развојот на соработката на повеќе нивоа, со посебен акцент на економијата, инвестициите, внатрешните работи, образованието и културата. Во рамки на посетата, двајцата министри потпишаа нова Заедничка декларација за намери за соработка помеѓу Владата на Сојузната покраина Северна Рајна-Вестфалија и Владата на Република Северна Македонија за периодот 2026–2030 година. Со овој документ се потврдува заедничката посветеност за продолжување и натамошно унапредување на одличната билатерална соработка воспоставена со претходната декларација“, стои во соопштението на МНР.
Муцунски изразил уверување дека новата Декларација ќе отвори нова фаза во меѓусебната соработка и ќе придонесе за дополнително јакнење на економските врски, поголемо поврзување на деловните заедници и создавање нови можности за инвестиции од Северна Рајна-Вестфалија во Република Северна Македонија.