Мајка и ќерка од Јужна Африка се обиделе без документи да ја поминат грчко-македонската граница


Во понеделникот, во 14.40 часот, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор „Меџитлија“ ја лишиле од слобода Ц.Л.Р.(57) од Јужноафриканска Република, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по член 211 став 1 од Закон за странци.

Имено, таа се обидела со возило, во кое била нејзината 23-годишна ќерка без лични документи, да ја помине државната граница од Република Грција во Република Северна Македонија. Таа била задржана во Полициската станица Битола за понатамошна постапка.